На ФБИ и треба вашата помош

ФБИ не може да дешифрира текст напишан непосредно пред смртта од човек кој никогаш не одел на училиште.

 |  Маја Савиќ  | 
zagatka
загатка

fbiАмериканската федерална полиција (ФБИ) објави на Интернет два шифрирани текста, пронајдени во 1999 година, во џебот на панталоните на една жртва на убиство, со надеж дека некој ќе успее да ги протолкува, пренесува „Нетворк ворлд“

Двата текста се напишани со посебен кодиран јазик и наспроти напорите на службите за криптографска анализа ФБИ и Американското здружение за криптографија, и натаму се неразбирливи, над десет години од нивното откривање.

Телото на 41-годишниот Рики Макормик пронајдено е на 30 јуни 1999 година на едно поле во Мисури, а единствената можна трага до убиецот се два листа хартија со шифрирани пораки кои полицијата ги пронашла во неговите панталони.

shifrirana poraka

Инспекторите сметаат дека Макормик ги напишал тие пораки три дена пред смртта. Неговиот убиец се уште не е откриен.

Макормик не завршил училиште, но затоа знаел да чита, пишува и бил снаодлив. Според сведочењето на неговите роднини, уште како дете користел криптирани пораки, но изгледа никој во семејството не знаел како да ги дешифрира. Не се знае дали некој освен Макормик можел да го протолкува неговиот таен јазик.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top