Кон средината на ноември Грчката православна црква официјално побара бројот 666, како симбол за антихристот во христијанската традиција, да не се појавува во биометриските лични исправи.
Неколку илјади православни фундаменталисти маршираа во неделата низ центарот на Атина. Демонстрантите веруваат дека во дизајнот на личната карта се крие „бројот на ѕверот“ и тврдат дека државата се обидува да ја засили контролата над своите државјани. Поголемиот дел од протестантите беа лица на постара возраст, меѓу кои имаше стотина православни свештеници, монаси и монахињи, како и неколку членови на екстремните десничарски групи.
При преминот во информатички лични исправи, новата група биометриски лични карти треба да биде испечатена до почетокот на 2011 г. Грчката православна црква, која не е одвоена од државата, се противеше и на влегувањето на земјата во „шенген“ зоната, бар кодовите и компјутерската граничка контрола каде што се користеше бројот 666.
Иако често е критикувано од страна на либералните кругови како заостанато и суеверно учење, православната црква и понатаму се држи до верувањата поврзани со бројот 666.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град