Добра вест: Сигурно ќе го затворат Берлускони (од завидлак). Уште подобра вест: девојките се сликале без Берлускони (што значи може слободно да уживате во нив).
Сликите биле пронајдени во лаптоп компјутери и мобилни телефони на десетици гостинки на Берлускони, запленети во текот на истрагата против италијанскиот премиер.
На една од фотографиите ТВ танчерката Барбара Гуера носи тесна полициска униформа со длабоко деколте и држи пар лисици за раце. Гуера беше учесничка во италијанската верзија на реалното шоу Фарма а позната е и по тоа што му беше девојка на фудбалерот Марио Балотели.
На другите слики има неколку непознати девојки во провокативни пози, вклучувајќи и такви во кои се бакнуваат. Сите биле фотографирани рано наутро во домот на Берлускони во близина на Милано.
Обвинителите тврдат дека освен на тогаш малолетната егзотична танчерка Карима Ел Махруг, премиерот им платил за секс и на други 32 жени. Судењето за овој случај ќе започне на 6-ти април во Милано.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град