И тоа се случува. Пекинг забрани употреба на зборови во реклами и огласи со кои се промовира раскошен стил на живот како на пример „кралски“ или „луксуз“ бидејќи властите се загрижени поради се поголемиот јаз помеѓу многу богатите и сиромашните.
Пекингшката управа за индустрија и трговија им дала рок на огласувачите и маркетинг агенциите до 15 март да ги корегираат своите промотивни кампањи и огласи и да престанат со промовирање на „хедонизмот“ и „култот на странски производи“. Таквиот начин на оглсување предизвикува „нездрава клима“ -тврдат од Управата и најавуваат казни за непослушните во висина од 30 000 јуани (3 400 евра).
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град