Либија ќе биде нападната за неколку часа

Воените напади врз Либија ќе започнат наскоро, за неколку часа и во нив ќе учествува Франција, изјави денеска портпаролот на француската влада Франсоа Бароен.

 |  Маја Савиќ  | 
OON
OON

Воените напади врз Либија ќе започнат наскоро, за неколку часа и во нив ќе учествува Франција, изјави денеска портпаролот на француската влада Франсоа Бароен.

„Нападите ќе започнат за кратко“ рече Бароен за радио РТЛ, но не сакаше да прецизира кога, каде и на кој начин ќе бидат изведени нападите.

Портпаролот на француската влада рече дека воената интервенција не е окупација на либиската територија, туку средство од воена природа за заштита на либискиот народ која ќе му помогне на либискиот народ да оди до крај во борбата за слобода и падот на режимот на Гадафи.

„Она што се случи синоќа, усвојувањето на резолуцијата на ОН е една многу важна етапа во однос на војната во Либија и масакрот кој го направи Гадафи над сопствениот народ“ рече Бароен.

Тој истакна дека за тоа треба да и се оддаде признание на улогата која ја одиграла Франција и нејзиниот претседател Никола Саркози.

Советот за безбедност на ОН ноќеска ја усвои резолуцијата за воведување на зона за забрана на летови над Либија.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top