Заради предупредувањата од можно затемнување и обидите за минимизирање на потрошувачката на струја, Токио за викендот остана без дел од препознатливото и спектакуларно неонско светло.
Иако не западнал во комплетен мрак, светлата на неколку обележја на 35-милионскиот мегалополис, меѓу кои 332,5 метри високата Кула Токио, биле изгаснати а „одморени“ биле и речиси сите халуциногените неонки во населбите Шинјоку и Гинза.
Иако беше викенд, голем дел од кината и караоке баровите, по препорака на Владата ги исклучиле светлата а на минимално осветлување се ставиле и двата најголеми продажни ланци во градот, Lawson и 7-eleven.
Во време кога Јапонија се соочи со неверојатна катастрофа, доброволното штедење на енергија стана еден начин на покажување на солидарност со жртвите на ужасниот земјотрес.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град