Германска радио станица на своите слушатели им дава шанса да освојат чек со кој ќе ги покријат трошоците на нивниот погреб.
Во морбидната игра на радиото Galaxy учествувале над 500 слушатели, а нивната задача било да го осмислат епитафот за сопствениот надгробен споменик.
При тоа водителот Џенс Пфлегер натпреварот го правдал со образложение дека смртта не смее да биде табу тема.
„Сакаме да ја поттикнеме свеста меѓу младите луѓе за оваа тема. Сакаме луѓето да ги осмислат и испратат своите епитафи. Ако испратат туѓ цитат тоа е во ред, но не е доволно креативно“, изјави водителот.
Наградата за најдобар епитф е 2 300 евра и мора да биде потрошена исклучително за погреблни трошоци.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град