Кинеската армија одлучила да се потпре на гулабите – писмоносци, во случај на прекин на работата на масовната комуникација.
Во моментов се работи на регрутација на 10 000 гулаби, а потоа ќе следи нивна обука. Тие освен што ќе пренесуваат важни пораки, ќе бидат распоредени и во мисијата за чување на границите.
-Во модерното војување, гулабите се навистина потребни. Тие се практично решение за мали и средни растојанија, ако дојде до електромагнетни пречки или пад на нашите комуникациски систем, изјавил воениот експерт Чен Хонг, кој е одговорен за обуката на гулаби.
Уште од 1950 година гулабите и служат на кинеската војска, но никогаш не броеле повеќе од сто членови.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град