Основната разлика меѓу глуп и паметен крадец е што овој вториов доволно знае дека 313 години стара Страдивариус виолина што чини 1,2 милиони фунти, може да се продаде и за повеќе од 100 фунти.
Виолината и била украдена на корејската виолинистка, Мин Јин Ким, која во моментот појадувала на лондонската железничка станица и не забележала дека и го снемало куферот. Кражбата ја извел еден локален џепчија, со помош од двајца малолетници кои требало да им одвлекуваат вниманието на полицајците во станицата.
Во куферот имало и две гудала, чија вредност се проценува на 67.000 фунти.
Иако гуглале колку чини и колку е стара виолината, крадците на еден човек кој сведочел за случајот пред суд, во интернет кафе му ја понудиле за 100 фунти, зделка кој овој ја одбил.
На виолината подоцна и се изгубила трагата а осигурителната компанија каде е заштитен инструментот, понудила награда од 15.000 фунти за информација која ќе ги одведе до виолината.
Познавачите претпоставуваат дека на сегашниот „сопственик“ на виолината ќе му биде тешко незабележано да ја продаде, пред сè заради реткоста на инструментите Страдивариус.
Инаку сопственичката на виолината, 32-годишната Мин Јин Ким, со 16 години била најмладиот стипендист на Кралскиот музички Колеџ во Лондон а на 13 години настапила со Берлинската симфонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град