Откако се пожалила дека скандалот со Берлускони и нанел болка која не може да и ја излечат сите пари на светот, танчарката Руби побарала 15.000 евра за интервју.
“Италијанските и странските медиуми ме третираат како проститутка. Сакам да ми биде надоместена сета болка, но целото злато не светот нема да биде доволно за тоа”, напишала во е-мејл преписката со Асошиејтед Прес.
Откако побарала да и се плати за ТВ интервју, 18-годишната девојка со вистинско име Карима ел Маруг ладнокрвно порачала дека не прави ништо за џабе. Бидејќи АП е непрофитабилна новинска агенција, го одбиле нејзиното барање.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град