Расте бројот на заболени од мистериозната инфекција во Плејбој вилата

Од мистериозната болест на респираторниот систем досега се заболени околу 170 луѓе кои присуствувале на конференцијата „Домејн фест глоубл“ во Санта Моника.

 |  Маја Савиќ  | 
Playboy mansion
Playboy mansion

Од мистериозната болест на респираторниот систем досега се заболени околу 170 луѓе кои присуствувале на конференцијата „Домејн фест глоубл“ во Санта Моника.

Новите податоци говорат дека бројот на инфицирани е многу поголем од 80, колку што претходно се претпоставувало, а причината за инфекцијата се’ уште не е утврдена.

Од одделот за јавно здравство соопштија дека се обидуваат да стапат во контакт со сите гости на тродневната конференција DOMAINfest Global, на која присуствувале 700 професионалци од областа на Интернетот од 30 земји.

„До денеска 170 луѓе пријавија симптоми како треска, непријатност и кашлица“, се наведува во соопштението, каде се посочува дека одделот истражува неколку локации на кои се одржувала конференцијата, а меѓу нив се наоѓа и вилата на сопственикот на Плејбој, Хју Хефнер.

Голем број луѓе побарале лекарска помош откако на 3. февруари ја посетиле вилата на Хефнер, центарот на Плејбој царството.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top