Последниот обид на властите на Иран да се отарасат од сè што е западњачко е забраната за емитување на кулинарски емисии на ТВ во кои се приготвува храна со западен вкус.
Државната радиодифузија не дозволува прикажување на рецепти за француска и италијанска кујна, што медиумите од западот го толкуваат како дел од националистичката кампања на Иран.
“Телевизијата треба да ги прикаже големите и важни достигнувања на Исламската револуција,“ изјавил Али Дараби од иранската радиодифузија.
Заради популарноста на пицата, тестенините и хамбургерите често пати нивните рецепти се дел од кулинарските емисии во земјата. Сè уште е неизвесно како забраната ќе влијае врз рестораните во Иран каде што се служи храна од странските кујни.
Претходно властите во Техеран им објавија војна на цигарите, забранувајќи им на телевизиите да емитуваат филмови и емисии во кои се пуши а забранија и секаков вид реклами за домашни миленици, како и храна и други производи поврзани со нив.
Еден месец пред Валентајн, Иран забрани и производство на какви било производи поврзани со Денот на Вљубените.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град