Еден британски имиграциски службеник толку многу не ја поднесувал својата сопруга, што се решил да ја стави на списокот со терористи за таа да не може да се врати дома.
Како што пренесуваат британските медиуми, откако сопругата заминала за Пакистан да ги посети своите родители и роднини, нејзиното име тој го додал на списокот со лица на кои им е забранет влезот во Велика Британија, пред се, заради сомнението дека се поврзани со тероризмот.
Кога во Пакистан се обидела да се качи на повратниот лет за Лондон, жената не ја пуштиле во авионот и не и дале никакво образложение зошто не и дозволуваат да се врати дома.
Таа го повикала сопругот, а тој и ветил дека ќе провери каде настанал проблемот.
Жената во Пакистан останала три години, а тој за тоа време лудо се забавувал.
Тоа што го направил, пак, било откриено сосема случајно. Службеникот требало да биде унапреден, па неговите надредени во таа прилика направиле дополнителна безбедносна проверка, со која било утврдено дека неговата сопруга се наоѓа на листата со лица за кои има сомнение дека се поврзани со тероризмот, па од него побарале дополнителни објаснувања.
Веќе не можел да крие и признал дека тој ја ставил на списокот. Место унапредување и поголема плата, службеникот тогаш го добил единственото исправно -отказ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град