Чоколадна криза

Меѓународно признатиот претседател на Брегот на Слоновата Коска, Аласан Уатара објави денеска едномесечна забрана за извоз на какао.

 |  Маја Савиќ  | 
kakаo
какао

Меѓународно признатиот претседател на Брегот на Слоновата Коска, Аласан Уатара објави денеска едномесечна забрана за извоз на какао.
kakаo
Целта е да биде лишен од важни приходи претседателот Лоран Гбагбо кој положи заклетва за нов мандат. Западноафриканската држава е најголем производител на какао во светот и тоа е најголем извор на приходи за Владата. Секое запирање на извозот ќе ограничи прилив на пари за Гбагбо за плаќање на лојалните државни службеници и армијата. Според дипломати, Гбагбо има потреба од околу 150 милиони долари за месец.

Секое наметнување таква мерка ќе ги зголеми цените на какаото бидејќи таа држава задоволува 40 отсто од светскиот извоз на основата состојка во чоколадите. При затворањето на пазарите во петокот, какаото се продаваше за 2.114 фунти за тон, максимална цена во изминатите шест месеци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top