Биографијата на основачот на сајтот „Викиликс“, Џулијан Асанж кој ја потресе светската јавност со објавувањето на тајни податоци на американскиот Стејт департмент, а која наскоро ќе се појави во печатено издание, најверојатно ќе послужи и како основа за филм.
Книгата на австралискиот репортер Андрју Фаулер „Најопасниот човек на светот“, како што е планирано, ќе послужи како основа за филм, во чие снимање ќе учествуваат и компаниите „Џозефсон ентертејмент“ и „Мајкл Крум продакшн“.
Основачот на сајтот „Викиликс“, 39-годишниот Асанж беше уапсен минатиот месец поради наводно силување и сексуално вознемирување на две жени кои ги запознал минатото лето на патување во Шведска. Тој е пуштен од затвор со кауција и се наоѓа во домашен притвор во вила во источна Англија. Тој во Шведска се уште не е обвинет, а неговото испорачување е побарано поради испитување.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град