Тунелот под каналот Ламанш, што ги поврзува Британија и европскиот континент и денеска останува затворен, откако вчера попладнето беше зафатен од голем пожар, соопшти претставник на компанијата која стопанисува со тунелот.
Тунелот под каналот Ламанш, што ги поврзува Британија и европскиот континент и денеска останува затворен, откако вчера попладнето беше зафатен од голем пожар, соопшти претставник на компанијата која стопанисува со тунелот.
„Нема да има ниту транспортни, ниту патнички минувања низ тунелот“, изјави претставник на компанијата за британските медиуми, не соопштувајќи кога оваа подводна транспортна врска ќе биде повторно пуштена за сообраќај.
Пожарот избувна вчера на француската страна од тунелот во еден камион, кој превезувал лесно запаллив материјал. Спасувачките екипи успеале да ги извлечат од запалениот тунел сите 32 патници од возот, во кој освен возачите на камионите немало други лица. Во несреќата нема загинати, но 14 лица се повредени.
Францускиот министер за внатрешни работи Мишел Алио Мари, која синоќа го посети местото на несреќата и одржа прес-конференција на влезот на тунелот, информира дека во пожарот се повредени 14 лица, од кои шестмина се здобиле со полесна интоксикација предизвикана од високите температури и големата количина чад, додека другите осуммина имаа полесни повреди.
Избувнувањето на пожарот предизвика вистински хаос на железничката станица Сент Панкрас во Лондон, од каде тргнуваат возовите на Јуростар за Франција и Белгија. Сите патувања се одложени на неопределено време, а не мал број патници останаа на станицата, надевајќи се дека проблемите предизвикани од пожарот ќе бидат брзо надминати.
„Засега немаме сознанија до кога ќе трае застојот,“ изјави за Би-Би-СИ управата на железничката станица.
Алио Мари навести дека прекинот на сообраќајот ќе потрае барем неколку недели, објаснувајќи го тоа со големината на пожарот и со високите температури, поради што дошло до тешко оштетување на инсталациите во тунелот.
Француската министерка потенцира дека пожарот по се изгледа е несреќен случај.
„Се уште не се знае причината за пожарот. Но изгледа дека станува збор за несреќа, но со сигурност ќе знаеме кога ќе заврши истрагата“, нагласи таа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град