САД го протераа боливискиот амбасадор

Владата на претседателот Џорџ Буш нареди амбасадорот на Боливија во САД да биде протеран откако латиноамериканската земја го протера амбасадорот на Вашингтон, пренесоа американските медиуми.

 |  Крсте Голабовски  | 

Владата на претседателот Џорџ Буш нареди амбасадорот на Боливија во САД да биде протеран откако латиноамериканската земја го протера амбасадорот на Вашингтон, пренесоа американските медиуми.

Амбасадорот Густаво Гусман вчера беше повикан во Стејт департментот каде му беше соопштено дека треба да ја напушти земјата, како реципрочна мерка по протерувањето од Боливија на американскиот амбасадор Филип Голдберг, ден претходно.

Боливискиот претседател Ево Моралес го обвини американскиот дипломат дека кова заговор со конзервативната опозиција во земјата.
Портпаролот на Стејт департментот Шон Меккормак вчера изјави дека одлуката на претседателто Моралес е сериозна грешка, која силно го нарушила билатералните односи.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top