Холандската влада ги предупредила проститутките кои ги рекламираат своите секси облини на прозорците од славниот „црвен кварт“ во Амстердам дека наскоро во службена посета ќе им дојдат даночниците, во ситуација кога државата го крои Буџетот и се намалуваат приходите.
Проституцијата цвета во Амстердам од првата деценија на 17 век, кога Холандија била една од најголемите поморски сили, и од тие времиња морнарите лутаат по градското пристаниште во потрага за добра забава за време на паузата меѓу две пловења.
Холандија во 2000 година ја легализира проституцијата, но од претставничките на најстариот занает на светот дури сега се бара да плаќаат даноци на приход.
-Вистинско време е проститутките да покажат поголема приврзаност кон обврските, изјави портпаролот на даночните служби во Холандија, Јанеке Фереген.
На најавите се противеа неколку борци за правата на проститутките, но во Холандија скоро сите се скептични дека може да се плаќа данок во индустрија во која се „плаќа на рака“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град