Германија трага по мажот кој го остави бебето во куфер

Снимката со мажот кој во раце држи идентичен куфер во кој пред една недела е пронајдено новороденото девојче во Хамбург, ја преплави Германија.

 |  Маја Савиќ  | 
bebeto vo kufer
bebeto vo kufer

bebeto vo kuferСнимката со мажот кој во раце држи идентичен куфер во кој пред една недела е пронајдено новороденото девојче во Хамбург, ја преплави Германија. Јавноста сака да открие кој е човекот кој во куфер пред Конгресниот центар ја остави малата Мари.

Бебето го пронашол портирот во центарот. И денес, Најл Хабиб е вознемирен за случајот.

-Имаше капа и беше ставена во вреќа за спиење. Лицето и беше целосно црвено. Сите почнавме да се тресеме и да плачеме. Одма викнавме полиција и пожарникари, се сеќава портирот.

Малечкото девојче одма била хоспитализирана на Детска клиника каде било констатирано дека нема некои поголеми здравствени проблеми. Лекарските служби веќе почнале со дохрана на новороденото кое е долго 45 сантиметри, а тежи 2.200 грама.

Девојчето ќе биде дадено на посвојување, а полицијата неуморно трага по мажот од снимката, но и по мајката на малата Мари

snimka od nadzorna kamera

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top