Поморот на животните продолжува: по птиците и рибите, мртви ракови

Мртви птици се пронајдени во уште една американска држава, Кентаки, мртви риби во американската држава Мериленд, во Бразил и на Нов Зеланд, додека во Англија морето исфрли 40.000 мртви ракови и други морски животни.

 |  Маја Савиќ  | 
pomor
помор

Стотици мртви птици, пронајдени се за неколку дена на улиците на два града во американската држава Кентаки, соопштуваат локалните медиуми.
Портпаролот на надлежната служба во Кентаки, Мајк Марачин рече дека анализата покажала дека птиците не биле болни, ниту отруени и дека причина за нивното загинување би можела да биде студеното време.
Ладното време се смета за причина и за милионите риби кои загинаа во американската држава Мериленд, како и 40 илјади ракови кои се пронајдени на брегот во Англија.
pomor

Брегот е преполн со мртви ракови, морски ѕвезди и сунѓери. Огромен помор на риби е откриен и во Бразил и Нов Зеланд.
Паниката започна кога околу пет илјади мртви птици паднаа од небото на градот Биби во Арканзас на првиот ден од Новата година, а веднаш потоа во близина на  Луизијана беа пронајдени уште околу 500 мртви птици.
Во Арканзас исто така се пронајдени близу 100 илјади мртви риби  на околу 180 километри од Биби.  И Европа вчера им се придружи на САД, откако на улиците на шведскиот град Фалкопинг беа пронајдени околу 50 мртви чавки.
Анализите се во тек, а како можни причини за поморот на птиците, освен лошите временски услови се наведува и огнометот за новогодишните празници, кој што можеби ги преплашил.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top