Чепмен за претседател

Руската шпионка Ана Чепмен ќе стане лидер на младите сили на партијата на Владимир Путин, Обединета Русија, јавуваат руските медиуми, кои претпоставуваат дека нејзина примарна улога ќе биде поттикнување патриотизам.   

 |  Маја Савиќ  | 

Anna ChapmanРуската шпионка Ана Чепмен ќе стане лидер на младите сили на партијата на Владимир Путин, Обединета Русија, јавуваат руските медиуми, кои претпоставуваат дека нејзина примарна улога ќе биде поттикнување патриотизам.   

Новата функција на Чепмен, која заедно со други 9 агенти беше уапсена во САД а потоа депортирана во Русија, официјално ќе биде објавена на годишната конференцијата на Млада Гарда.

Извори од движењето на младите сили ја потврдиле информацијата дека таа дефинитивно им се приклучува, но рекле дека се уште не била донесена одлука за тоа која ќе биде нејзината улога. Еден руски весник претпоставува дека ќе биде ставена на чело на нова група посветена на патриотска едукација.

Млада Гарда е фанатична про-Путин група на млади луѓе, кои беа поврзани со претепувањето на новинарот Олег Кашин, кого тие јавно го нарекоа предавник и побараа да биде казнет.
Anna Chapman
Владимир Путин јавно го изрази своето воодушевување од Чепмен и останатите руски агенти кои беа разоткриени во јуни годинава. На првата средба со нив, премиерот пееше патриотски песни и им се заблагодаруваше за ризикот на кој се изложија а претседателот Димитри Медведев подоцна ги одликуваше со највисоки почести.  

По депортацијата од Америка, Ана Чепмен е единствената од 10-те шпиони која продолжи да се појавува во јавноста. Таа се уште нема дадено интервју за нејзиниот живот како шпион, но затоа направи провокативни фотографии за еден магазин за мажи. Постоеја информации и дека почнала да работи како советник во Руска банка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top