Славните се борат за Иранката Аштиани

Роберт Редфорд,Роберт де Ниро и Стинг се дел од славните личности кои ги повикаа иранските власти да ја ослободат жената која е осудена на каменување до смрт поради прељуба.

 |  Маја Савиќ  | 
Sakine ashtiani
Аштиани Сакине

Sakine ashtianiРоберт Редфорд,Роберт де Ниро и Стинг се дел од славните личности кои ги повикаа иранските власти да ја ослободат жената која е осудена на каменување до смрт поради прељуба.

Во отворено писмо повеќе од 80 актери,уметници,музичари и политичари велат: „Сакине Мохамади Аштиани доволно се мачеше“.

Меѓу потписниците се актерор Колин Ферт,сликарот Демиен Херст,лидерот на бриртанската опозиција Ед Милибанд,поранешниот француски министер за надворешни Бернар Кушнер.Во нивното писмо се истакнува дека жената поминала веќе 5 години во затвор и добила 99 удари со бич.

Славните го повикаа и иранскиот верски водач ајатолахот Али Хамнеј и претседателот Махмуд Ахмадинеџад покрај жената да ги ослободат и нејзиниот син и адвокатот, кои се исто така во затвор.

Писмото е објавено на насловната страна на The Times.

Пред неколку дена невладина организација објави дека Аштиани е ослободена,но иранските власти веднаш демантираа.Таа,покрај за прељуба,е обвинета и за учество во убиството на нејзиниот сопруг.Откако нејзините деца покрена силна кампања за ослободување на мајка им синот е во затвор,исто како и нејзиниот адвокат.Силниот јавен притисок ,сепак,го одложува извршувањето на пресудата за каменување на смрт на Иранката Аштани.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top