Австрија: Започна постапката за екстрадиција на Санадер

Тој беше уапсен во Австрија според меѓународната потерница издадена од Хрватска под сомнение за корупција, јави АФП.

 |  Maja Савиќ  | 
Sanader
Санадер

Обвинителството во Салцбург, Австрија  ја започнало постапка за екстрадиција на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер. Тој беше уапсен во Австрија според меѓународната потерница издадена од Хрватска под сомнение за корупција, јави АФП.

Судот во Салцбург ја потпишал наредба за притвор од 14 дена за Санадер во рамките на постапката за негова екстрадиција.

Се очекува австриското правосудство да му понуди на поранешниот хрватски премиер поедноставена постапка за екстрадиција, која ќе овозможи враќање во Хрватска за неколку дена.

Од затворот во Салцбург, каде што во моментов се наоѓа Санадер, било објавено дека поранешниот премиер е во добра физичка и ментална состојба.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top