Неколку часа откако британскиот Парламент го усвои предлогот за покачување на школарината, група гневни демонстранти во Лондон го нападнаа автомобилот на принцот Чарлс и Камила, гаѓајќи го со шишиња и боја.
Кралската двојка била на пат кон театар, кога наишла на толпата студенти кои протестираат против покачената партиципација на универзитетите. Откако ги препознале, поголема група протестанти се издвоила од масата и му се нафрлила на Ролс Ројсот, извикувајќи погрдни зборови и мавајќи со тупаници и шишиња.
Во нападот бил напукнат еден од прозорците на автомобилот, но брачниот пар поминал без повреди. По неколку хаотични минути, возачот успеал да го пробие автомобилот низ толпата и да побегне.
Премиерот Дејвид Камерон го нарече нападот шокантен и непростив и побара од полицијата објаснување за пробивањето на безбедноста околу наследникот на Кралицата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град