Претседателот на САД Барак Обама се одвикнува од пушењето и не е виден со цигара во рака од мај годинава, пренесоа американските медиуми.
Белата куќа сепак се воздржа да објави дека Обама се откажал од штетната навиката со која се борат милиони Американци.
– Веќе девет месеци, да претседателот не пуши, изјави портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс, нагласувајќи дека Обама е првиот човек што ќе ви каже дека одвикнувањето од цигарите е борба.
Пушењето не е нешто со што претседателот се гордее. Тој знае дека тоа не е добро за него. Не би сакал децата да знаат за тоа, изјави неговиот портпарол. Гибс дополни дека Обама е свесен за опасноста од пушењето и вложува исклучително напори да се справи со оваа навика.
Информацијата за борбата со никотинот на претседателот дојде веднаш по вчерашното објавување на извештајот на американскиот главен хирург во кој се предупредува за штетноста на тутунот.
Околу 46 милиони возрасни граѓани на САД или еден на пет продолжува да пуши, додека милиони останати се редовни пасивни пушачи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град