“Јас сум ѕвезда на меѓународните самити. Странските лидери се тепаат да се сликаат со мене”, се фали Силвио Берлускони, додека Парламентот се мисли дали да изгласа доверба на неговата Влада.
Италијанскиот премиер е убеден дека колегите од светските влади особено го почитуваат заради големото политичко искуство и успехот кој го постигнува како бизнис тајкун. Сепак, признава дека дотрајува.
“Апсолутно сум свесен дека сум во одминати години и дека кога тогаш ќе мора да се повлечам. Но, палката ќе му ја предадам на друг, дури откако ќе ја комплетирам нашата политичка програма”, изјавил 74-годишниот Берлускони.
Медиумскиот могул се соочува со најслабиот рејтинг од мај 2008-та година, кога беше назначен за премиер на Италија. Доколку следната недела неговата Влада не ја добие довербата од Парламентот, можеби ќе мора да си даде оставка.
“Убеден сум дека ќе го добијам мнозинството и во Сенатот и во Долниот дом, бидејќи не верувам дека некој би бил толку лековерен судбината на земјата да ја препушти во рацете на опозицијата”, не се предава премиерот.
Коментирајќи ги депешеата објавени на Викиликс, во кои се тврди дека тој лично заработувал од тајните преговори со Владимир Путин, Берлускони се заколнал во своите деца и внуци, дека никогаш во животот не профитирал од блиските односи со Москва.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град