Прекинат случајот против Плетњев

Тајландските власти ја прекинаа истрагата против рускиот диригент Михаил Плетњев, кој беше приведен под сомнение дека силувал дете. Против музичарот кој го отвори годинашното Охридско лето, не беа покренати обвиненија.

 |  Маја Савиќ  | 
Pletnev
Плетњев

PletnevТајландските власти ја прекинаа истрагата против рускиот диригент Михаил Плетњев, кој беше приведен под сомнение дека силувал дете. Против музичарот кој го отвори годинашното Охридско лето, не беа покренати обвиненија.

“Господинот Плетњев постојано ги отфрлаше обвинувањата, но целосно соработуваше со тајландските власти. Од почетокот на јули, тој неколку пати се враќаше на Тајланд за да го покаже своето присуство, како што му наложи Окружниот суд”, стои во известувањето на Руската национална опера, чиј основач е Плетњев.

Диригентот беше уапсен во одморалиштето Патаја каде што има сопствен имот, но беше пуштен со кауција заради настапот на фестивалот во Охрид. Освен тоа дека силувал 14-годишно момче, го обвинуваа и за поседување слики со детска порнографија и вмешаност во проституција со деца.

Педофилскиот скандал го натера летово да го откаже настапот на музичкиот фестивал во Единбург и концертот во Лондон.

“Не сакам британската турнеја на Руската национална опера да падне во сенка на моето апсење. Нема да ја коментирам истрагата, но се надевам дека наскоро ќе докажеме дека сум невин”, изјави тогаш Плетњев.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top