„NISSAN“ лансира ново возило со нулта емисија штетни гасови

Јапонскиот „Нисан“ денеска означи голем пресврт во автомобилската индустрија со лансирање на ново возило со нулта емисија штетни гасови „лиф“ (leaf), прв електричен автомобил кој масовно ќе се продава.

 |  Маја Савиќ  | 
nissan leaf
nissan leaf

Јапонскиот „Нисан“ денеска означи голем пресврт во автомобилската индустрија со лансирање на ново возило со нулта емисија штетни гасови „лиф“ (leaf), прв електричен автомобил кој масовно ќе се продава.

„Нисан“ соопшти дека моделот „хеџбек“ со пет седишта може да премине 200 километри со едно полнење на батерии според јапонски тест стандарди, односно 117 километри по критериумите на американската Агенција за заштита на животната средина.
nissan leaf
Електричните возила не ја загадуваат околината, но и помалиот радиус на движење, околу четвртина радиус на бензиски или дизел мотори – и високата цена остануваат голема пречка за нивната голема продажба.

„Нисан“ соопшти дека инсталирал станици за нормално дополнување на батериите на околу 2.200 продажни места во Јапонија, со 200 сервиси за брзо дополнување батерии, на кои 80 отсто капацитетот на батериите се дополнува за 30 минути.

– Веруваме дека ова е почеток на нова ера во автоиндустријата, нагласи директорот на производството на „Нисан“ Тошијуки Шига.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top