Глобалниот секс симбол од 60-тите години, француската филмска дива Брижит Бардо размислува за кандидирање на следните претседателски избори во Франција во 2012-та година. Кој знае со што се занимава Бардо во последниве неколку децении, претпоставува дека нејзиниот политички ангажман е мотивиран од животните, а не од луѓето.
76 годишната поранешна актерка обелодени дека нејзина кандидатура побарала партијата на Еколошката Алијанса а во писмото до актуелниот претседател Никола Саркози објаснила дека “некој треба да се зaнимава и со заштита на правата на животните бидејќи e очигледно дека ни левицата ни десницата пет пари не даваат за тоа”.
Еден од главните ангажмани на Брижит Бардо во последно време е иницирање закон со кој ќе се задолжат месарите да ги успиваат животните пред да бидат заклани според муслиманските Халал стандарди.
Жената која го напушти филмскиот свет во 1970- та година, освен по страсното бранење на животните честопати е во фокусот на вниманието и по нејзините контроверзни ставови за имиграцијата и хомосексуалците, бивајќи често осудувана за расизам и сексуална нетрпеливост.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град