7,3 милијарди евра вредниот проект се очекува да биде отворен за возови во 2017-та година. Максималниот капацитет на тунелот е 300 возови дневно, кои низ срцето на Алпите ќе минуваат со брзина од 250 километри на час.
Решителноста и брзањето да се комплетира тунелот се должи на загриженоста дека товарниот сообраќај кој секојдневно минува преку Алпите е штетен за околината.
Ова е само првиот од серијата тунели предвидени од ЕУ за расчистување на Алпските патишта. За во иднина се планира железнички тунел кој ќе ги поврзуваат Лион и Торино, а подоцна и авто – тунел меѓу Австрија и Италија.
По должина тунелот ќе ги надмине своите “колеги” од Јапонија, 53,8 километри долгиот железнички тунел Сеикан, кој ги спојува островите Хоншу и Хокаидо и 50 километри долгиот тунел под Ла Манш, кој ја спојува Англија со Европа.
На изградбата на тунелот работеа околу 2.500 лица, а осуммина ги загубија своите животи за време градењето.
Во историската акција за пробивање на најдолгиот тунел на светот учествуваат и македонски државјани. Од вчера во тунелот се вее и Македонското знаме
Тунелот низ бројки:
– од Алпите се ископани 13 милиони кубни метри камења, кои инаку се доволни да се наполнат 13 згради со големина на Емпајар Стејт Билдинг.
– топлата вода која минува под планините (50 степени Целзиусови) ќе биде искористена за рибници.
– тежината на целиот ископан камен е 26 милиони тони.
– пречникот на тунелот е од 8,8 до 9,5 метри.
– вкупната должна на тунелот, отворите и премините е 151 километар.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град