Домаќинствата во британската област Дидкот оваа зима први ќе се греат на плин добиен од измет. Околу 200 домаќинства ќе користат биометан произведен од изметот кој три недели претходно го „испратиле“ во канализација.
„Британски гас“, „Темза вода“ и „Шкотски гас“ се надеваат дека проектот ќе заживее во цела земја. Всушност, според директивата на ЕУ, Британија мора до 2020 година 15 отсто од енергијата да ја произведе од обновливи извори на енергија.
Мартин Орил од „Британски гас“ вели дека добивањето плин на овој начин е логичен чекор во исполнувањето на овие цели.
– Потрошувачите нема да ја забележат разликата, бидејќи плинот за време на процесот се прочистува и се добива без миирис, вели тој истакнувајќи дека нема причина корисниците поради потеклото на плинот да се чувствуваат непријатно, туку дека треба да се гордеат што учествуваат во проектот.
Тој додава дека изметот и досега веќе се користел за добивање на енергија, но сега „Британски гас“ со нова постапка почна да собира биоплин од изметот со помош на анеробни бактерии кои го претвараат во биометан кој може да се користи за централно греење и како плин во домаќинствата.
Мартин Орил наведува и дека плинот доаѓа од нешто што сите го произведуваме и што е обновливо.
– Се мачиме да пронајдеме извори на енергија и сметам дека треба да се земе се што имаме. Дефинитивно го поддржувам овој проект, вели една жителка на Дидкот, Кетрин Руштон.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град