Италијанската министерка за туризам од Епл бара итно од Ајтјунс да отстранат туристичката апликација во која Италија е опишана како земја на пицата, скутерите и мафијата.
За Михаела Виториа Брамбила, апликацијата за Ајфон, Ајпад и Ајпод, во која покрај краткиот опис има и фотографија со знак на кој пишува “Паркинг само за мафијата. Со другите ќе се справиме” е навредлива и неприфатлива.
“Италија во светот е позната поради културата, историјата и стилот. Не можам да дозволам нашата земја да биде дискредитирана со тоа што ќе биде претставена како криминална организација. Затоа од Епл побарав да ја повлечат апликацијата од продажба а од државниот обвинител да покрене постапка против одговорните,” изјавила поранешната мисица и една од министерките во кабинетот на Берлускони.
Апликацијата според која Британија е земја на чајот, чудна смисла за хумор и фудбалски хулигани, а Германија е позната по дисциплината, автопатите и пивото, на Ајтјунс е претставена како чиста зафрканција.
“Се работи за добронамерен и забавен поглед на светот. Не е туристички водич и не треба да се сфати премногу сериозно. Уживајте и забавувајте се,” стои во објаснувањето на Ајтјунс.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град