Ал Каеда со глобален терористички план против Европа

Ал Каеда планирала грабнување на заложници низ повеќе градови на Западна Европа и нивно егзекутирање на начин сличен на нападите во Мумбаи, стои во извештаите на западните разузнавачки агенции, објавени само еден ден по евакуирањето на Ајфеловата кула.

 |  Маја Савиќ  | 
al qaeda
ал каеда

Evakuiranje na ajfelova kulaАл Каеда планирала грабнување на заложници низ повеќе градови на Западна Европа и нивно егзекутирање на начин сличен на нападите во Мумбаи, стои во извештаите на западните разузнавачки агенции, објавени само еден ден по евакуирањето на Ајфеловата кула.

Планот предвидувал организирање на мали, добро вооружени тимови на командоси, составени од џихадисти, кои симултано би нападнале цели во Лондон и други градови низ Европа.

Еден од најсериозните планови на Ал Каеда во изминатите неколку години бил организиран од водството на организацијата, кое се претпоставува дека моментално се крие во племенскиот појас во Пакистан.

Иако планот бил откриен уште во рана фаза, се претпоставува дека тој веќе ја минал фазата на теоретизирање во вистинско планирање.

Организирањето било попречено и од неодамнешните воздушни напади на НАТО во кои биле убиени неколку од организаторите на планот. Според пакистанските преставници, само во текот на овој месец имало околу 20 напади со беспилотни летала во граничниот појас на земјата.

Според американската телевизија ЕјБиСи, целата акција била откриена од германски терорист уапсен на пат кон Европа.

Додека во Британија нивото на закана останува непроменето, Франција го ескалираше нивото на закана, но според владините претставници тоа не е поврзано со Ал Каеда.

Инаку во нападите во Мумбаи, 10 вооружени лица во рок од 3 дена убија 166 луѓе а ранија повеќе од 300.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top