Со измама чeтири години живеела по хотели

Полјачката Урсзула Кулге мамела дека е службеничка во туристичка агенција и на измама долги години бесплатно живеела по хотели ширум Полска и уживала во ВИП третманот.

 |  Маја Савиќ  | 
hotel
хотел

hotelПолјачката Урсзула Кулге мамела дека е службеничка во туристичка агенција и на измама долги години бесплатно живеела по хотели ширум Полска и уживала во ВИП третманот.
Педесет и девет годишната госпоѓа имала фалсификувани документи и четири години патувала низ цела држава претставувајќи се како вработена во германска туристичка агенција. Во секој град престојувала во луксузни хотели, уживала во ВИП третманот, а и покрај тоа што не зборувала добро германски јазик, никој не се посомневал во нејзиниот идентитет. Кога ќе дошло време да плати за престојот и услугата, Урсзула објаснувала дека сметката ќе ја подмири нејзината туристичка агенција и исчезнувала без трага.

Измамничката сепак е откриена, а во разговор со нејзините пријатели полицијата дознала дека таа била опседната од полската комедија „Конзул“ во која главниот лик по излегувањето од затвор глуми австриски конзул во Варшава. Како конзул запознава влијателни луѓе, патува и ужива во луксузното сместување.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top