Мишел Обама побара од рестораните во САД да нудат здрава храна

Таа посочи дека Американците половина од своите приходи ги трошат на храна, додека една третина од оброците тие ги јадат во рестораните.

 |  Маја Савиќ  | 
Mishele Obama
Мишел Обама

Сопругата на претседателот на САД, Мишел Обама, денес ги повика сопствениците на ресторани и од нив побара во нивните мениа да воведат што е можно повеќе здрава храна, да ја означат и убаво обележат храната за деца.

Mishele Obama

Мишел говореше на заседанието на Националното здружение на сопственици на ресторани и ги замоли во менито да ставаат помалку мрсна храна, а повеќе овошје и зеленчук, посебно во оброците за децата.

Таа посочи дека Американците половина од своите приходи ги трошат на храна, додека една третина од оброците тие ги јадат во рестораните.

Таа побара ог рестораните да ја преиспитаат храната која ја нудат во нивните мениа, а тоа би помогнало многу во борбата против дебелината кај децата.

Првата дама слична порака порано упати и до училиштата, како и до најголемите производители на храна во САД.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top