Наскоро машина за читање мисли

Чекор поблиску се научниците до создавање на машина за читање на мисли. За прв пат тие пронашле начин за успешно претворање на мозочните сигнали во говор со користење на сензори поставени на површината на мозокот, пишува Дејли мејл.

 |  Маја Савиќ  | 
mozok
мозочни бранови

mozokЧекор поблиску се научниците до создавање на машина за читање на мисли. За прв пат тие пронашле начин за успешно претворање на мозочните сигнали во говор со користење на сензори поставени на површината на мозокот, пишува Дејли мејл.

Откритието со прецизност од 90 отсто на парализираните луѓе, кои не можат да комуницираат со околината, во иднина може да доведе до развој на апарат за читање мисли.

“Успеавме да ги дешифрираме изговорените зборови, користејќи ги мозочните сигнали со помош на апарат, што дава надеж за парализираните лица, кои не можат за зборуваат“, кажал професорот Бредли Грегер со универзитетот Јута во САД.

Според професорот машината треба за две до три години да биде подготвена за користење.
Научниците кај човек болен од епилепсија, на центарот за говор во мозокот му прикачиле два сензора со 16 микроелектроди. Преку компјутер ги бележеле сигналите додека тој повторувал 10 зборови : да, не, топло, ладно, гладен, жеден, здраво, пријатно, поголемо и помало.

Пациентот потоа ги повторил зборовите во компјутер. Успешноста на препознавање се движела меѓу 76 и 90 отсто.

Грегер и неговата екипа се надеваат дека наскоро ќе бидат во состојба да развијат направа која ќе чита мисли, бидејќи самата помисла на збор произведува ист мозочен сигнал како и изговорениот збор, наведува Дејли Мејл.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top