Спалувањето на Куранот е опасен идиотизам

Тери Џонс, пасторот на малата евангелиска заедница во Флорида најави спалување на коранот на 11 септември, денот кога кулите-близначки во САД беа цел на исламистички терористички напади. Насекаде протести против планот.

 |  Маја Савиќ  | 
Pastor Jones
Пастор Џонс

Pastor JonesАмериканската влада е вознемирена од најавите на пасторот Џонс. Министерката за надворешни работи, Хилари Клинтон, остро го осуди планираното спалување на коранот. Таа истакна дека охрабрува фактот што лидерите на големите религиозни заедници во САД исто така едногласно ги осудиле плановите на Џонс.
Американскиот министер за правда, Ерик Холдер, повикот за спалување на Куранот го нарече „опасен идиотизам“.

Причина за загриженост има и главниот командант на американските трупи во Авганистан, Дејвид Петреус. Тој стравува дека спалувањето на коранот може да предизвика лутина кај радикалните исламисти, што ќе доведе до одмазднички акции против американските војници. Во Кабул веќе дојде до протести пред една џамија. Насобраните граѓани го спалија американското знаме, извикувајќи „смрт за Америка“.

Коранот е светата книга на муслиманите, кои бараат големо почитување во односот со неа. Секоја спротивност се смета за длабока навреда, што во минатото често водело до остри реакции. Сепак, се` уште не е сигурно дека Тери навистина ќе го запали коранот на 11 септември. Тој имено се` уште нема добиено одобрување од локалната противпожарна служба.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top