Германските власти на неколку локации во земјата открија обработливи површини засадени со генетски модифицирана пченка, чие одгледување е официјално забрането во рамките на ЕУ.
Германските власти на неколку локации во земјата открија обработливи површини засадени со генетски модифицирана пченка, чие одгледување е официјално забрането во рамките на ЕУ.
Според сознанијата на весникот „Шпигл“, генетски модифицираната пченка е посадена на ниви во најмалку пет германски сојузни покраини, додека според телевизијата ЗДФ во дури седум.
Организацијата за заштита на животната средина „Гринпис“ тврди дека на територијата на Германија се посеани вкупно 3.000 хектари со генетски модифицирана пченка и тоа пред се во сојузните покраини Шлезвиг-Холштајн, Мекленбург-Предна Померанија и Долна Саксонија.
Според германските медиуми, за сега не е познато дали генетски модифицираната пченка е засадена по грешка или пак станува збор за добро организирана мрежа чија цел е заработка на висок профит.
Претставници на „Гринпис“ и на опозициската партија Зелени оценија дека станува збор за досега најголем скандал со генетски модифицирани земјоделски култури во Германија.
Властите во сојузните покраини во кои е пронајдена генетски модифицираната пченка започнаа истрага со цел да се утврди кој ја посеал и веќе се преземаат мерки за нејзино уништување пред таа да почне да цвета, со цел да се спречи натамошно запрашување и нејзино мешање со природната пченка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град