Американскиот претседател Барак Обама изјави дека сака да знае „чиј задник треба клоцне“ поради истекувањето на нафтата во Мексиканскиот Залив од подводниот извор на платформата на БП.
– Не сум тука за да си разговарам со експертите како на универзитетски семинар. Ние зборувавме со тие луѓе, бидејќи тие можат да ми дадат најдобар одговор за тоа чиј задник треба да клоцнам, рече Обама во интервју за емисијата „Тудеј“ на Ен-Би-Си, која ќе се емитува денеска.
Обама беше подложен на критика поради досегашните реакции на најголемото истекување на нафта во американската историја. Американскиот претседател истакна дека сите засегнати од катастрофата ќе бидат соодветно обесштетени.
Анкета на весникот „Вашингтон пост“ и Еј-Би-СИ покажува дека 69 проценти од Американците сметаат дека Владата не реагирала мошне добро или дека лошо одговорила на излевањето на нафтата. Истражувањето е извршено меѓу 3 и 6 јуни.
Катастрофата во Мексиканскиот Залив трае повеќе од 40 дена. Најлошо е погодена Луизијана, која се наоѓа најблиску до местото каде потона платформата „Дипвотер хорајзон“, но нафтата веќе дојде и до Алабама, Мисисипи, а минатата недела и до Флорида.
Фирмата БП, сопственик на платформата прави големи напори да го спречи ширењето на нафтената дамка, но во меѓувреме од изворот секојдневно истекуваат речиси 20 илјади барели сурова нафта, додека еколошките последици се потенцијално катастрофални.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град