Прва анти-антипушачка кампања

Основниот слоган на антиантипушачката кампања во Задар со налепници преку службени налепници на цигарите, е: “Пушењето сериозно го полни државниот буџет”, “Пушењето е важен дел од предиграта”, “Пушењето ова – пушењето она”

 |  Маја Савиќ  | 
pushenje
пушење

Во време кога секојдневно не бомбардираат со разни, се поморбидни антипушачки слики и слогани, на некои жители на Задар се чини им пукнал филмот, па поведоа антиантипушачка кампања со невообичаени, но оригинални налепници. Тие се направени со стандардни димензии на службените антипушачки налепници, па така лесно можат да се лепат преку нив. Исто како оние што се на цигарите.

anti-antipushacka kampanja

Основниот слоган на антиантипушачка кампања е “Пушење до јајца”, а по него следат: “Пушењето сериозно го полни државниот буџет”, “Пушењето е важен дел од предиграта”, “Пушењето ова – пушењето она” и други.

Авторите и производителите на овие налепници, веројатно се свесни дека нема да направат ништо “револуционерно”, но барем на “зависниците” што се трујат со цигари “ќе им го разубави денот” и ќе им го ублажи револтот. Налепниците се во виолетова боја, а како што дознава “Слободна Далмација”, се продавале во комплети од по шест налепници за само пет куни. Засега не се знае кој е авторот и каде точно можат да се купат, но како молња се ширеле по масите на задарските кафулиња.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top