Џорџ Буш: Повторно би наредил мачење на терористи

Контроверзниот поранешен претседател на САД уште еднаш повтори дека неговите одлуки биле вистински.

 |  Маја Савиќ  | 
Bush
Буш

ZatvoreniciИ покрај тоа што веќе подолго време не се појавува во јавност, Џорџ Буш се уште е контроверзен. Кога би морал се да започнам од почеток повторно би наредил мачење на терористи и би започнал војна против Ирак, изјави поранешниот претседател на САД, Буш.

Буш при својот вчерашен говор во Економскиот клуб призна дека наредил „остро“ испитување на Калид Шеик Мохамед, идејниот организатор на нападите од 11 септември во 2001 година.

Буш ладнокрвно изјави дека повторно би мачел терористи „ за да спаси животи“. Призна дека во текот на испрашувањето била користена контроверзна техника.

Буш застана во одбрана на сите одлуки кои ги донел додека бил на чело на најмоќната сила на светот. За војната во Ирак изјави дека била „вистински потег“ а за ликвидацијата на Садам Хусеин дека била „дело за подобар свет без него“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top