На Бритиш Петролеум му е жал а нафтата и понатаму се излива

Извршниот директор на Бритиш Петролеум рекол дека  му е многу жал поради  создавањето на најголемата нафтена дамка во историјата на САД, но и за проблемот кој таа го предизвикала на жителите на Мексиканскиот залив.

 |  Маја Савиќ  | 
Nafta, Meksikanski zaliv
нафта,мексикански залив

Nafta, Meksikanski zalivИзвршниот директор на Бритиш Петролеум рекол дека  му е многу жал поради  создавањето на најголемата нафтена дамка во историјата на САД, но и за проблемот кој таа го предизвикала на жителите на Мексиканскиот залив.

„ Прво што сакам да кажам е тоа дека ми е жал“, одговорил директорот на БП Тони Хаивард  на прашањето  што би сакал да им порача на луѓето во Илиноис каде што нафтата дошла до делови каде што има бари.

“ Се извинуваме поради големите тешкотии кои ги предизвика оваа катастрофа во нивните животи“, продолжил Хаиварт и при тоа додал дека компанијата прави се што во нејзина моќ да ја држи нафтата подалеку од крајбрежјето.
БР имала околу 30 авиони кои бараат нафта во морето поточно околу 300 луѓе кои се обидуваат да ја соберат нафтата.

Рибарите кои се разболеле собирајќи нафта во Мексиканскиот залив на суд побарале од привремена забрана , барајќи од БП да им даде на работниците маски.

Obama, nafta meksikanski zaliv

Од БП тврдата дека ќе ги зголемат напорите во запирање на течњето на нафтата и во заштитата на крајбрежјето и покрај тоа што сите нивни досегашни обиди завршиле неуспешно.

“Разочарани сме поради тоа што нафтата уште некое време ќе продолжи да тече, поради што момраме да вложиме крајни напори за да ја држиме нафтата подалеку од Мексиканското крајбрежје“,изјавил Роберт Дудлеј од БП.

Изминативе денови инженерите на „Бритиш петролеум“ сметаа дека акцијата „Топ кил“ има најголеми шанси за успех, меѓутоа на крајот се испостави дека притисокот на нафтата и гасот се многу посилни од пумпите на концернот.

Ова значи дека еколошката катастрофа пред брегот на Луизијана продолжува да се шири. Секојдневно во морето се изливаат илјадници тони сурова нафта. Според проценките на експертите, досега се излеале четириесет илјади тони нафта, со што ова е недвосмислено најголемата катастрофа од ваков вид во американската историја.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top