Група Италијанки испратиле отворено писмо до Папата во кое од него бараат да го укине целибатот, бидејќи правилото било застарено и многу свештеници не го почитувале и спиеле со нив.
Група Италијанки испратиле отворено писмо до Папата во кое од него бараат да го укине целибатот, бидејќи правилото било застарено и многу свештеници не го почитувале и спиеле со нив.
“Свештениците се како и секое друго човечко суштество, имаат потреба да сакаат и да бидат сакани, да бидат со некого без да им се заканува опасност поради тоа,“ стоело во писмото постирано на италијански онлајн форум.
Жените констатирале дека секој еден закон донесе од човекот, па и тој за чедноста на свештените лица се носени во одредено историско време и треба да се менуваат па дури и да се укинуваат, соодветно на ситуацијата.
Писмото било упатено од десетина жени, но само три се дрзнале да стават свој потпис на него. Една од нив е 42-годишната Стефанија Саломон, менаџер од Рим, која што имала петгодишна врска со свештеник.
Саломон изјавила дека познава околу 40-тина жени кои биле или се во “посебна“ врска со свештеници.
“Некои од нив се љубовници, некои се `специјални` пријатели. Во Италија ги има уште многу такви,“ посочила Саломон.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град