Нова теорија за можно убиство на Качински

Некој намерно ја попречил работата на автоматскиот пилот на авионот во кој загина полскиот претседател Лех Качински, поради што тој покажувал погрешна висина на летање, се сомневаат полските и германските експерти.

 |  Маја Савиќ  | 
avion Kacinski
авион, Качински

Leh KacinskiИстражувачката комисија откри дека во моментите пред несреќата, во пилотската кабина бил присутен и заповедникот на воздухопловните сили Анджеј Бласик, што буди сомнеж дека можеби тој вршел притисок врз пилотите. Руските медиуми отидоа до таму што претпоставија дека самиот генерал бил зад управувачот.

Новите детали од записите во црните кутии покажуваат дека помошниот пилот на висина од околу 80 метри им велел на колегите да се кренат и да заминат, што според процедурите на летање значи прекин на слетувањето. Но, пилотот воопшто не реагирал.

Руската комисија пак, известува дека до 5 секунди пред ударот во дрвото, авионот го управувал автоматскиот пилот. Полскиот весник Газета Полска овој податок го оценува како симптоматичен и ја оправдува теоријата за намерно уривање на леталото на Лех Качински.

Автоматскиот пилот добива информации од GPS, на кој се потпира целиот компјутерски систем на авионот. Зошто пилотите не реагирале на информациите од системот дека се наоѓаат на висина од само 500, 70, 10 метри? Газета Полска се повикува на германските и полските експерти и заклучува дека работата на автоматскиот пилот очигледно била попречена.

Методот на попречување на GPS-от е познат под англиското име “meaconing” а се употребува при одбрана на стратешки објекти. Станува збор за информатичка метода која го снима сателитскиот сигнал и го праќа со задоцнување, поради што електронските уреди читаат погрешен сигнал.

Доколку во случајот со несреќата на целиот државен врв на Полска, навистина бил употребен методот “meaconing”, црните кутии би требало да го откријат тоа. Полскиот весник нагаѓа дека руските производители на Туполев-154 без проблем можат да ги сокријат трагите и потсетува на случајот со авионот на поранешниот претседател на Мозамбик, кој се урна во 1986-та во ЈАР. Известувањето на тогашната истражна комисија наликува на рускиот извештај во случајот со несреќата на Качински.

Пред седум години, тајниот агент на тогашниот расистички режим на ЈАР признал дека авионот се урнал поради попречување на сателитскиот сигнал, но и дека леталото  требало да биде погодено со боев проектил во случај попречувањето да не успее.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top