Властите од Хрватска работат на планот да го избришат инцестот од листата со казниви дела, пишува Вечерњи, кој открива дека единствен услов родосквернавењето да не се казнува би било полнолеството на роднините и нивната целосна свесност за чинот.
Работната група за измена на Кривичниот законик, составена од 8 професори од правниот факултет, како и адвокати, обвинители и судии, ја разгледуваат идејата, но сè уште не е донесена конечна одлука дали предлогот ќе се прифати и изнесе пред законодавното тело.
“Ако братот и сестрата кои се полнолетни своеволно се впуштат во сексуален однос, каде е тука жртвата која треба да се штити? Во тој случај жртва воопшто нема. Загрозен е единствено јавниот морал, но треба ли заради тоа луѓето да се праќаат во затвор? Со бришење на инцестот од листата со казниви дела, тогаш казната за насилен сексуален чин меѓу блиски роднини ќе биде многу поголема”, објаснува др. Ксенија Турковиќ која раководи со работната група.
Таа како пример ја наведува Франција, во која родосквернавењето при кое нема присила не се казнува уште од времето на Наполеон. Но, психијатарот Дубравка Коцијан, вели дека тоа и не е така едноставно и не може само правно да се третира. Дури и кога станува збор за полнолетни личности, психолошкиот однос на зависност е многу извесен меѓу родителите и децата, поради што знак прашање е дали полнолетната личност во исто време е независна во одлуката да стапи во сексуален однос со родителот.
“Постојат многу возрасни луѓе кои нема да им се спротивстават на родителите, иако имаат спротивно мислење, бидејќи им се ментално подредени”, вели Коцијан.
Претставниците на хрватската црква нагласуваат дека постои црковен закон кој инцестот го смета за тежок грев, но кој сепак не може да и се наметне на државата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град