Кралицата е мртва – да живее кралицата

Би Би Си се извини за шегата на еден од своите радиоводители, кој вчера соопшти дека кралицата Елизабета Втора починала.

 |  Маја Савиќ  | 
Elizabeta
Кралица Елизабета

Kralica ElizabetaДани Кели (39) на своите слушатели во Бирмингам, во централна Англија, вчера им изјави дека има важно соопштение, па пуштајќи ја во етер националната химна кажа- „кралицата Елизабета II токушто почина“.

 Би Би Си дозволува дека коментарот бил насочен кон неговите фанови на страницата на Фејсбук.

 -Можеме да потврдиме дека Дани Кели направи неумесна забелешка за кралицата за време на своето радиошоу… Иако е направена како дел од безгрижна закачка за пријателите од социјалните медиуми и демантирана во етерот веднаш откако беше направена, коментарот е целосно неумесен и Би Би Си безусловно се извинува за него. Тој не бил направен со намера да навреди, рече портпаролот на британската јавна радиотелевизиска корпорација.

 Британската кралица, која дојде на престолот во 1952 година, минатиот месец наврши 84 години.

 {loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top