Сенаторот од Илионис Барак Обама синоќа официјално ја прифати номинацијата за претседателски кандидат на Демократската партија на ноемвриските претседателски избори во САД.
Сенаторот од Илионис Барак Обама синоќа официјално ја прифати номинацијата за претседателски кандидат на Демократската партија на ноемвриските претседателски избори во САД.
„Со длабока благодарност ја прифаќам номинацијата“, рече Обама во рамките на 45-минутниот говор пред околу 75.000 приврзаници собрани на спортскиот стадион во Денвер, Колорадо, врз основа на вчерашната одлука на учесниците на изборната конвенција на демократите за негова номинација.
Тој истакна оти е носител на промената, од која Америка има потреба. Обама ги увери своите приврзаници дека неговиот избор е гаранција за исполнување на ветувањето кое Америка им го должи на своите граѓани.
Обама ја опиша кризната состојба во која се наоѓа земјата и го истакна значењето на претстојните избори за нејзино надминување.
Обама ја посочи некомпетентноста на администрацијата на Буш и неговото неодговорно управување како главна причина за сегапната состојба на средната класа и истакна дека Меккејн не предлага алтернатива на досегашниот курс, туку, според него, продолжение на „погубната политика“ за земјата.
Претходно, на третиот ден на конвенцијата, довчерашниот противник на Обама, Хилари Клинтон, им предложи на присутните ниминацијата веднаш да ја прифатат со акламација, дури и пред да биде завршено церемонијалното изјаснување на демократите од секоја одделна сојузна држава.
На овој начин, Обама стана првиот Афроамериканец во историјата на САД, кого една голема партија го предложи за свој претседателски кандидат. Тој на претседателските избори на 4 ноември ќе се соочи со својот противник републиканскиот кандидат Џон Меккејн.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град