Еврото е нападнато и ЕУ мора да го брани!

Земјите од евро-зоната имаат намера да ја спасат европската валута со радикална терапија. Веќе утре (09.05.10) министрите за финансии би требало да договорат систем за итни случаи за земјите членки во криза.

 |   | 
evro valuta
евро валута

„Ќе го штитиме еврото по секоја цена. На располагање имаме неколку инструменти и ќе ги искористиме. Тоа се европските институции, Советот, Комисијата, Европската централна банка и се разбира – земјите од евро-зоната. Ова беше одлуката донесена едногласно вечерва“, изјави вчеравечер по завршувањето на вонредниот самит во Брисел, претседателот на Европската комисија Жозе-Мануел Барозо.

grcija dolgПланираниот систем за спасување е најважната реформа на монетарната унија од воведувањето на еврото пред 11 години. Тој треба да спречи државите да паднат во криза и да ја загрозат заедничката валута – еврото, во случај кога не можат да ги рефинансираат своите долгови на финансиските пазари. На вонредниот самит е дадено и зелено светло за помошта од 110 милијарди евра за Грција, но веќе на почетокот на средбата беше јасно дека станува збор за многу повеќе отколку само за спас на Грција од банкрот – кризата ја загрозува целата евро-зона! Обрачот се‘ повеќе се стега и околу Португалија и Шпанија, цените на грчките државни обврзници се на најниско ниво, а европските берзи одат надолу. Врвните политичари на Унијата беа ставени со грб до ѕид и простор за тактизирање веќе немаше. Доколку се продолжеше со калкулации, на евро-зоната и‘ се закануваше опасност од распад. Беше потребно брзо и решително дејствување, и овој самит на ЕУ беше кризен во вистинска смисла на зборот.

Стоп за шпекулантите

evro

Деталите од планираниот систем за спас не се познати, но предвид доаѓа системот кој Европската комисија веќе го употребува успешно за поддршка на државите кои се‘ уште го немаат воведено еврото – Летонија, Унгарија и Романија. Комисијата зема поволни кредити на финансиските пазари и потоа парите во транши им ги проследува на дадените земји. Шефовите на држави и влади договорија и чекори за борба против, од нивен аспект, неправедното шпекулирање против еврото, односно земјите што се во криза. „Ова ќе биде јасен сигнал за оние кои сакаат да шпекулираат против еврото“, рече германската канцеларка Ангела Меркел.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top