Според Светската здравствена организација новите генерации ќе се пензионораат на 100 години со оглед на тоа дека популацијата на Земјата старее а медицината напредува.
Според Светската здравствена организација новите генерации ќе се пензионораат на 100 години со оглед на тоа дека популацијата на Земјата старее а медицината напредува.
Џон Берд, раководителот на одделот за стареење при СЗО изјавил дека работодавачите треба да се подготват за забрзано стареење на популацијата. На вработените треба да им се дозволи да работат подолги години отколку што традиционално се очекува од нив.
До 2050 година секој трет жител на Земјава ќе биде постар од 65 години. Овај тренд ги загрижи владите бидејќи голем дел од буџетските средства одат за пензии и болнички лекувања.
Но Берд смета дека постарите генерации треба да се мотивираат да го продолжуваат својот работен век и да не се пензионираат на 65 години со цел да не станат товар за општеството и да се искористат нивните вештини и искуства. „Со маргинализирање на постарите луѓе тие стануваат зависни од помладите генерации“- додава Берд.
„Мислам дека луѓето во иднина ќе работат и до 100 години а стареењето на светската популација ќе го овозможи и допушти тоа“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град