200 ролни тоалетна хартија за Владимир Путин

Активистите за заштита на животната средина во Русија во знак на протест против повторното отварање на фабриката за хартија на брегот на Бајкалското езеро во Сибир на премиерот Владимир Путин му подари над 20 ролни тоалетна хартија.

 |  Маја Савиќ  | 
toaletna
тоалетна

protestiАктивистите за заштита на животната средина во Русија во знак на протест против повторното отварање на фабриката за хартија на брегот на Бајкалското езеро во Сибир на премиерот Владимир Путин му подари над 20 ролни тоалетна хартија
Активистите на три еколошки организации, меѓу кои и Гринпис, испратија над 200 ролни тоалетна хартија на адреса на канцеларијата на Путин во Санкт Петерсбург. Со оваа симболична акција тие сакаат да го изразат својот протест против повторното отварање на фабриката за хартија, изјави претставникот на Гринпис во Русија и додаде дека тоалетната хартија е собрана во рамки на акцијата организирана во март.

– Доколку на властите толку многу им е потребна тоалетна хартија, при што се подготвени да го уништат Бајкалското езеро, ние ќе им ја подариме, наведоа организаторите на протестната акција.

Помошник-шефот на канцеларијата на Путин во Санкт Петерсбург ги примил ролните тоалетна хартија и вети дека подарокот ќе му биде даден на премиерот, што е можно побрзо. Меѓутоа одговорните во канцеларијата сепак на крајот одбија да го сторат тоа, одлучувајќи тоалетната хартија да им ја поделат на пензионерите.

Бајкалското езеро, кое се наоѓа на листата на УНЕСКО на светско наследство, содржи 20 проценти од светските резерви на слатка вода.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top